ИНФОРМАЦИЈА ОД УПРАВАТА НА ДАФ. ОДЛОЖЕНО 62. ИЗДАНИЕ НА ДАФ 2025
Почитувана јавност, Ве информираме дека Драмскиот Аматерски Фестивал на Македонија – Кочани, кој требаше да се одржи од 12 до 17 мај оваа година, ќе биде одложен поради трагедијата која ја погоди нашата заедница. Оваа одлука е донесена со цел да се изрази почит и сочувство за сите кои беа погодени од овој немил настан….
ДОНАЦИЈА НА МЕДИЦИНСКА ПОМОШ ЗА ОПШТА БОЛНИЦА – КОЧАНИ ОД ФОНДАЦИЈАТА „ГОРАТА.БГ“ ОД РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА
Во текот на вчерашниот ден Фондацијата „Гората. Бг“ од Република Бугарија донираше медицинска опрема за Општа болница со проширена дејност – Кочани. „ЗУ Општа болница со проширена дејност – Кочани изразува голема благодарност до Фондацијата од “Гората.бг” од Република Бугарија. Тие донираа медицински концентратори на кислород, медицински инхалатори, медицински уреди за мерење на крвен притисок…
ХУМАНИТАРНО-ПРОДАЖНА ИЗЛОЖБА ЗА ПОМОШ НА ЗАСЕГНАТИТЕ ОД ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ
Во организација на Национална установа центар за култура „Бели Мугри“ – Кочани, во Среда (23 Април) со почеток во 19:00 часот ќе биде отворена „Хуманитарно – продажна изложба“ за помош на засегнатите од пожарот во Кочани. На изложбата ќе бидат поставени уметнички и книжевни дела чии автори се ликовни уметници и писатели кои живеат или…
ИЗМАМЕН КОЧАНЧАНЕЦ ЗА 18.000 ДЕНАРИ
На 10.04.2025 во 13.00 часот во Полициската станица Кочани, 30 – годишен жител на Кочани пријавил дека била измамен од И.М. од Кочани за сума од 18.000 денари. Според пријавеното, во ноември 2022 со усмен договор му ги дал парите за да купи материјал за да му изработи настрешница во дворот, а откако ги земал…
РЕАКЦИЈА ОД ОФК „КАРБИНЦИ“ НА ОДЛУКАТА ДОНЕСЕНА ОД ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК
Почитувани, од името на Управата на ОФК Карбинци, ви доставувам реакција на Одлуката на Комисијата на Третата фудбалска лига – Исток по однос на жалба на нашиот клуб за натпреварот со ФК Овче Поле од Свети Николе, одигран во недела, 6 април, на кој ОФК Карбинци е оштетен, но Комисијата за натпревари ја одби жалбата…
ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА, „ОСОГОВО“ ЈА ПРЕЧЕКУВА „БЕЛАСИЦА“
Во Сабота со почеток во 16:00 часот се играат натпреварите од 24-тото коло во Втора Фудбалска Лига. Првопласираните четири екипи имаат тешки и неизвесни гостувања додека екипите кои се борат за зачувување на второлигашкиот статус ќе се борат за секој бод, за секој погодок. Осогово кое грчевито се бори за опстанок во лигата во ова…
СУДЕЊЕТО, РАК-РАНА НА МАКЕДОНСКИОТ ФУДБАЛ?
Можат да се сменат колку и да сакат постави во ФФМ, но навиките не се искоренуваат бидејќи ново-старите делегати по навика си тераат по свое, толку се пасивни што ништо речиси не ги интересира кога е во прашање тонењето на Македонскиот фудбал. Таман малку кај некои се роди надеж дека со новото раководство и новиот…
КОЧАНЧАНЕЦ ПРИЈАВИЛ ИЗМАМА ВО ПС КОЧАНИ
На 09.04.2025 во 17.20 часот во Полициската станица Кочани, 47 – годишен жител на Кочани пријавил дека бил измамен од С.Р. од Кочани. Според пријавеното, претходно тој се договорил со С.Р. да го купи неговото возило „опел астра“ со кочански регистарски ознаки, му дал пари и го земал возилото, а на 08.04.2025 кога се сретнале…
КЈП „ВОДОВОД“ – КОЧАНИ ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР
Како што сме информирани КЈП „Водовод“ од Кочани остана без директор. Имено, досегашниот в.д. директор Кирил Ковачки во текот на вчерашниот ден ги потпишал документите за подигање на плата за вработените и си поднел неотповиклива оставка. Но Ковачев нема ниту еден ден да остане ба работа. Во меѓувреме истиот се има јавено на конкурсот и…
БЛАГОДАРНОСТ ОД ОПШТА БОЛНИЦА – КОЧАНИ ДО ОПШТЕСТВЕНО ОДГОВОРНАТА КОМПАНИЈА „СИМАК ИНЖЕНЕРИНГ“
Општествено одговорната компанија „Симак инженеринг ја променија влезната врата и прозорците вом Центарот за ментално здравје при Општа болница со проширена дејност – кочани. По тој повод се ограксија од Општа болница со проширена дејност – Кочани: „ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Кочани, изразува голема благодарност за општествено-одговорната компанија Симак инженеринг, кои ја…