All Posts By Славчо Ивановски

РЕАЛИЗИРАНА ПРВАТА ФАЗА ОД АВИОПРСКАЊЕТО ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО КОЧАНИ И КОЧАНСКО

Утрово, на територијата на општина Кочани e реализирана првата фаза од авионското третирање против комарци. Активностите ги спроведоа стручни екипи на Друштвото за воздушен транспорт „Аероклуб“ – Скопје, со поддршка од Општина Кочани. Третманот е извршен со еколошко средство за уништување комарци – широкопојасен инсектицид, одобрен од надлежното Биро за лекови. Со реализацијата на оваа…

ФОНТАНИТЕ И ПОНАТАКА БЕЗ ВОДА

Додека живата во термометарот од ден на ден е се повисоко жителите на Кочани бараат спас во некакво разладување. Веќе напишавме дека базенот и годинава нема да работи, но загрижува и податокот што фонтаните и чешмите и понатака не работат. Платото на фонтаните е суво како барут па голем број на граѓани си прават шеги…

ЈУНСКА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА – СОБРАНИ 34 КРВНИ ЕДИНИЦИ

Црвен крст на Р.С. Македонија – Општинска организација Кочани ја реализираше редовната јунска крводарителска акција. На акцијата крв даруваа 34 крводарители од кои 8 млади лица. Акцијата е седма што ја спроведува Црвен крст Кочани во тековната година и истата се одржа со поддршка на екипа од Институтот за трансфузиона медицина – Штип. Граѓаните може…

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА НА НИКОЛА КРСТЕВ ОД СОВЕТНИЧКАТА ГРУПА „ДОСТА БЕШЕ“

Советникот во Општина Кочани од редовите на Советничката група „Доста беше“, Никола Крстев денес пред управната зграда на КЈП „Водовод“ – Кочани одржа прес конференција на која што истакна: С,  Ивановски КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА НА ФИЛИП ЦВЕТАНОВ ОД СОВЕТНИЧКАТА ГРУПА „ДОСТА БЕШЕ“

Советникот во Општина Кочани од редовите на Советничката група „Доста беше“ Филип Цветанов денес пред управната зграда на КЈП „Водовод“ – Кочани одржа прес конференција на која што истакна: С,  Ивановски КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ

ЧЕТИРИ ИГРАЧИ ОД МИНАТОТО ПРВЕНСТВО НЕМА ДА БИДАТ ДЕЛ ОД РОСТЕРОТ НА „ОСОГОВО“

Шпекулациите за масовното заминување на играчите од „Осогово“ според наши извори не се ни малку точни. Точно е дека со некои играчи клубовите преговараат, но сега засега од нивно заминување нема ништо. Како што сме информирани од „Осогово“ точно е дека досега четири играчи не се повеќе дел од клубот и дека во наредното првенство…

ЗАВРШЕНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦАТА „БЕЛ КАМЕН“

Во рамки на зафатот, целосно е реконструирана улицата со должина од 280 метри и ширина од 6 метри. Изведени се асфалтни слоеви во дебелина од 7+5 см, односно вкупно 12 см нов асфалт, со што е обезбедена квалитетна и долготрајна коловозна конструкција. Во проектот се изведени и нови тротоарски површини, поставени се нови улични рабници,…

НА 28. ЈУНИ – ОРГАНИЗИРАНО ПЕШАЧЕЊЕ ДО „ГОЦЕВА ШУМА“

В недела, 28 јуни 2026 година, од 8 ч., Општина Кочани во соработка со Карате клубот „Партизан“ од Кочани, ќе ја реализира активноста „Пешачењето е здравје“. Членови на КК „Партизан“ и на други спортски и рекреативни здруженија и рекреативци ќе пешачат од Градскиот плоштад до Гоцева Шума, каде каратисти ќе имаат презентација на карате вештини…

ВО ПЕТОК АВИОНСКО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО КОЧАНИ И КОЧАНСКО

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, заради спроведување превентивна систематска дезинсекција на територијата на Општина Кочани, како општа противепидемиска мерка, в петок, на 26 јуни 2026 г., во утринските часови, почнувајќи од 5 ч., стручни екипи од Друштвото за воздушен транспорт Аероклуб – Скопје ќе ја спроведат првата фаза од авионското третирање…

ПРИВЕДЕНО ЕДНО ЛИЦЕ ВО КОЧАНИ, ПРИ ПРЕТРЕС, ВО ДОМОТ ПРОНАЈДЕНА МАРИХУАНА

На 23.06.2026 во 16:25 часот, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода К.И.(37) од Кочани. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Соопштение од СВР Штип КОМЕНТАРИТЕ …