СООБРАЌАЈНА АКЦИЈА „АЛКОХОЛОТ И ВОЛАНОТ НЕ СЕ ДОБАР ПАР“
Под мотото „Алкохолот и воланот не се добар пар“, денеска на сообраќајниците во Кочани се реализираше превентивно-едукативна сообраќајна акција. Во организација на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, во соработка со ОВР Кочани, Општина Кочани и ученици од ОУ „Свети Кирил и Методиј“ возачите на моторни возила беа предупредувани на забраната за управување…
СО ДВА НАСТАНИ ЈОУ БИБЛИОТЕКА „ИСКРА“ ГО ОДБЕЛЕЖА ПРАЗНУВАЊЕТО НА „СВ. ТРИФУН“ И „СВ. ВАЛЕНТИН“
По повод Св. Трифун и Св. Валентин, во соработка со Училиштето за цртање и сликање при НУЦК „Бели мугри“- Кочани под менторство на ликовниот уметник Александра Димитрова реализирана поетско-ликовна работилница „Виното и љубовта, вечна инспирација“. Преубав спој на поетската и ликовната уметност. Учениците слушнаа дел од преубавите песни посветени на виното и љубовта, чии автори…
ЖИТЕЛИТЕ НА КОЧАНИ СЕ СОМНЕВААТ ДЕКА ПРЕКУ СМЕТКИ ЈА ПЛАЌААТ ЕЛЕКТРИЧНАТА ЕНЕРГИЈА И НА ЖИТЕЛИТЕ ОД СТАРАТА КАСАРНА
Многу телефонски јавувања, многу писмени реакции на жителите на Кочани по добивањето на сметките за потрошена електрична енергија за месец Јануари оваа година. Во едно од писмата кое беше испратено до нашиот портал жителите јавно се сомневаат дека во нивните сметки е вклучена и потрошената електрична енергија на жителите од Старата касарна, која требаше да…
ПАДНАТ ОЛУК ДВА ДЕНА СТОИ ВРЗ ЖИЦИТЕ ЗА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА
Наш читател не информира за паднат олук кој веќе два дена стои на жиците за електрична енергија. Место на настанот е кај „Атомските згради“ а како што пишува читателот постои опасност истиот да падне и да повреди или некој минувач или некое возило. Причините не се позамати за паѓањето на олукот, но се претпоставува дека…
ЈАВНА КОНСУЛТАЦИЈА ЗА ОДРЖЛИВА УРБАНА МОБИЛНОСТ
Во рамките на Проектот за поврзување на локалните патишта со поддршка на Меѓународната банка за обнова и развој, Општина Кочани работи на развој на планови за одржлива урбана мобилност и обезбедување обука за изработка и имплементација на планови за одржлива урбана мобилност. За таа цел в петок, 14 февруари 2025 година, со почеток во 13…
КОЧАНЧАНЕЦ ЗАРАБОТИЛ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПОРАДИ НАПАД НА СЛУЖБЕНО ЛИЦЕ
СВР Штип поднесе кривична пријава против А.Д.(29) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ и „загрозување на сигурноста”. На 10.02.2025 во Кочани, пријавениот агресивно се однесувал и подоцна физички нападнал полициски службеници додека извршувале службени дејствија. Соопштение на МВР КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА …
МАЛОЛЕТНОТО ЛИЦЕ ШТО СЕ БЕШЕ ОДДАЛЕЧИЛО ОД СВОЈОТ ДОМ Е ПРОНАЈДЕНО
На 12.02.2025 во Полициската станица Кочани, З.Е.(36) од Кочани пријавил дека го пронашол неговиот син Е.Е.(13), за кој претходно пријавил дека се оддалечил од домот. Соопштение на СВР Штип КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ
ЛИЧНИТЕ АМБИЦИИ ПРЕД ТРАДИЦИОНАЛНИТЕ И ИСТОРИСКИТЕ ВРЕДНОСТИ НА ФК „ОСОГОВО“
Викендот што доаѓа е резервиран за почеток ма пролетниот дел од првенството во Првата и Втората фудбалска лига. Значи „Осогово“ клуб со стогодишна традиција од оваа сабота ја започнува борбата за зачувување на второлигашкиот статус. А која е фајдата дали „Осогово“ ќе игра и следната година во втората лига или ќе се спушти скалило подолу…
СПРОВЕДЕНА ПРВАТА ОБУКА НА ЦКА-ПХВ ЦИКЛУСОТ ЗА 2025 ГОДИНА
Црвен крст на Р. С. Македонија – Општинската организација Кочани ја спроведе првата од предвидените три обуки во рамки на новиот циклус на проектот Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности (ЦКА – ПХВ). На обуката присутните младинци се запознаа со историјатот, настанокот и дејствувањето на Црвениот крст и Женевските конвенции и протоколи…
ЗАПОЧНА РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ПРОЕКТОТ D DAYS ОД ПРОГРАМАТА НА ЕРАЗМУС +
Општина Кочани го започна учеството во проектот од програмата Еразмус +, D Days, заедно со партнери од Грција, Португалија и Хрватска. Проектот има за цел креирање на стратегија и учество во активности за подобрување на целокупниот живот на лицата со попреченост. Активностите се однесуваат на заедничко учество на лицата со попреченост со други нивни врсници…