All Posts By Славчо Ивановски

СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА НА КРУЖНИОТ КАЈ АТОМСКИТЕ ЗГРАДИ

Доцна синоќа нешто после 01:00 часот кај кружниот во близина на „Атомските згради“ се случила сообраќајна несреќа која за среќа поминала со материјална штета. Дознаваме дека лице кое возело патничко моторно возило Фиат „Панда“ со брзина поголема од пропишаната на излез од градот удрило во кружниот, а од силината на ударот ја пробил металната ограда…

„БЕСА“ ПРЕГОЛЕМ ЗАЛАК ЗА ИНДИСПОНИРАНОТО „ОСОГОВО“

По облачно, но мошне пријатно време за игра пред околу 500 гледачи „Осогово“ лошо ги отвори натпреварите во второлигашката конкуренција. Екипата на „Беса“ кој и пред натпреварот важеше за голем фаворит речиси без напори ја совлада индиспонираната екипа на Кочанскиот второлигаш. Домаќините немаа игра за време на целиот натпревар, одбраната порозна, средина на теренот како…

ОД УТРЕ (САБОТА) „ОСОГОВО“ ГИ ПУШТА ВО ПРОДАЖБА И СЕЗОНСКИТЕ БИЛЕТИ

Утре, во рамките на првото коло во Втора Фудбалска Лига во Кочани на стадионот „Никола Мантов“ повратникот во второлигашкото друштво „Осогово“ ја пречекува екипата на „Беса“. Како што информираат од клубот во оваа фудбалска сезона освен поединечни влезници за секој натпревар, љубителите на фудбалот ќе можат да набават и сезонски билети, односно комплет влезници за…

„ОСОГОВО“  СО  РЕСПЕКТ,  НО  БЕЗ  БЕЛО  ЗНАМЕ  ЈА  ПРЕЧЕКУВА  ЕКИПАТА  НА  „БЕСА“

Утре (Сабота) со почеток во 17:00 часот се играат натпреварите од првото коло од годинешното првенство во Втора Фудбалска Лига. Повратникот во второлигашкото друштво „Осогово“ пред своите гледачи ја пречекува екипата на „Беса“, екипа која во летниот преоден рок доведе најмногу квалитетни играчи и ја истакна кандидатурата за највисок пласман. „Жетварите“ го респектираат својот противник…

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД КОЧАНИ МАСОВНО ИЗЛЕГОА НА УЛИЦА И ГО ОДРЖАА НАЈАВЕНИОТ ПРОТЕСТ

Пензионерите од Кочани го одржала најавениот протест. Онака како и што во текот на вчерашниот ден беше договорено голем број на пензионери се собраа во „Паркот на револуцијата“ од каде се упатија до седиштето на Здружението на пензионери на општина кочани. Пензионерите јавно ја подржаа иницијативата за линеарно покачување на пензиите за 3.500,00 денари а…

АКТИВНОСТИ ВО ОУ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО ОВОЈ ПЕРИОД ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА УСЛОВИТЕ ЗА РАБОТА И УЧЕЊЕ

Почитувани, Во текот на изминатите месец дена во училиштето се започнаа низа на активности за подобрување на условите за работа и учење во училиштето. Моментално во централното училиште е започнато со реконструкција на санитарните јазли на приземјето и на меѓукатот , со што по завршувањето на овие активности во училиштето во голема мера ќе се…

ДОНЕ РИСТОВСКИ ЌЕ МУ СУДИ НА „ОСОГОВО“ ВО ПРЕМИЕРНИОТ НАТПРЕВАР ВО ВТОРАТА ЛИГА

Во Сабота со почеток во 17:00 часот се крева завесата во Втора Фудбалска Лига за натпреварувачката 2023/2024 година. По една година помината во третата лига „Осогово“ им се врати на натпреварите во второлигашката конкуренција и веќе на премиерата пред своите гледачи го дочекува еден од фаворитите за највисок пласман „Беса“. Фудбалската Федерација на Македонија денес…

ДОГОВОРЕН ПРОТЕСТЕН МАРШ ЗА ПЕТОК ВО 10 ЧАСОТ, ОД ПАРКОТ ДО ЗП КОЧАНИ

Членовите на иницијативниот одбор за линеарно зголемување на пензиите во износ од 3.600 денари, денеска одржаа консултативен состанок, на кој се договорени активностите поврзани со протестите на локални ниво и генералниот протест закажан за 14 август во Скопје. Претставниците на кочанските пензионери во меѓувреме одржаа состанок со иницијаторите на петочниот протест, заради координација на активностите…

ОДОБРЕН ПРОЕКТОТ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА КРОВОТ НА ОУ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“

Министерството за образование одобри 13.558.022 денари за реконструкција на дел од кровот на ОУ „Свети Кирил и Методиј“ во Кочани. Средствата се обезбедени со измените на Програмата за изградба и реконструкција на основни училишта, по апликација од страна на Општина Кочани на јавниот повик за финансирање проекти за изградба и реконструкција на училишни објекти од…

ИНИЦИЈАТИВНИОТ ОДБОР ОДЛУЧИ ПРИСУСТВО НА ПРОТЕСТОТ ВО СКОПЈЕ ЗА ЛИНЕАРНО ПОКАЧУВАЊЕ НА ПЕНЗИИТЕ

Иницијативниот Одбор на Здружението на пензионери на Општина Кочани за линеарно покачување на пензиите одржа ,состанок на кој беа договорени следните активности. Како прва приоритетна активност која едногласно беше прифатена е присуство на пензионерите од Општина Кочани на закажаниот заеднички протест на сите пензионерски друштва од Македонија кој треба да се одржи на 14 Август…