ВЕЛОСИПЕДСКА ТУРА ПО ПОВОД ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ
Во рамките на одбележувањето на Европската недела на мобилност, а по повод Меѓународниот ден без автомобили, денеска 22 септември, Општина Кочани во соработка со ОСБСП ја организира традиционалната велосипедска тура „По патеката на оризот“. Настанот е отворен за учество на сите граѓани, љубители на велосипедот, рекреативци, членови на спортски и велосипедски здруженија. Велосипедистите ќе возат…
ЕВРОПСКА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ И МЛАДИТЕ
По повод Европската недела на мобилност, а под мотото „Заедно градиме подобар пат“, вечерва, 22 септември, на Споменикот на слободата во Кочани, Општина Кочани во соработка со Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата организира квиз на тема „Мобилноста и сообраќајот“. Натпреварувачката атмосфера меѓу учениците од двете средни училишта „Љупчо Сантов“ и „Гошо Викентиев“…
ЗА КАРАТИСТИТЕ НА „КОЧАНИ“ 14 МЕДАЛИ НА МЕЃУНАРОДНИОТ КАРАТЕ ТУРНИР ВО ТЕТОВО
Во организација на Карате Федерацијата на Македонија и Карате Клуб „Фати“ од Тетово, во неделата во Тетово се одржа Меѓународен Карате Турнир „Тетово опен 2025“. Карате Клуб „Кочани“ учествуваше со 10 натпреварувачи од кои некои се натпреваруваа и во две категории за да на крајот бидат освоени 14 медали од кои 5 златни, 4 сребрени…
КЈП „ВОДОВОД“ – КОЧАНИ: СООПШТЕНИЕ
КЈП „Водовод“ Кочани известува дека на ден 21.09.2025 околу 17 часот дојде до запалување на градската депонијата. Имаме сомневања дека депонијата е намерно запалена. Веднаш реагира протитвпожарната единица и екипи на КЈП „Водовод“ и пожарот е ставен под контрола во најкратко можно време. Апелираме до сите граѓани доколку забележале некој сомнителен веднаш да го пријават…
ПРВА ФУДБАЛСКА ЛИГА ЗА ЖЕНИ, ВИСОК ПОРАЗ ЗА КОЧАНЧАНКИ
Се одиграа петте натпревари од 6-тото коло во Прва Фудбалска Лига за жени. Екипата на „Кочани“ како домаќин е високо поразена од „Истатов“. Гостинките беа далеку подобар противник и со погодоците на Шемсовиќ во 6’48’, Петрушевска 31’56’58’, Чонева 32’, Јосевска 75’ и Нановска 86’ заслужено славеа со 8:0 (3J. За разлика од гостинките играчите на…
ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК, „ОВЧЕ ПОЛЕ“ ОСАМЕНО НА ВРВОТ НА ТАБЕЛАТА
Се одиграа натпреварите од 3-тото коло во Трета Фудбалска Лига – Исток по кое екипата на „Овче Поле“ по победата на домашен терен а по нерешениот резултат во Пробиштип остана осамено на врвот на табелата. Во денешното коло на петте натпревари постигнати се вкупно 22 погодоци или во просек 4,4 по натпревар. На два натпревари…
ОТВОРЕН ДЕН ВО КК „БАСКЕТ ДИНО“
Баскет Дино слави две децении од својот постоење и сака да ги покани сите љубители на кошарката НА ОТВОРЕН ДЕН кој ќе се ОДРЖИ УТРЕ, понеделник, 20. септември, со ПОЧЕТОК 18:30 часот, во спортската сала „Сашо Лазарев – Чапо“ при ОУ „Кирил и Методиј“. Во текот на сите изминати години, клубот изгради многу генерации млади…
ТРЕТО МЕСТО ЗА ЕКИПАТА НА ЦРВЕН КРСТ – КОЧАНИ НА ДРЖАВНИОТ НАТПРЕВАР ПО ПРВА ПОМОШ ВО ГОСТИВАР
Екипата по прва помош на Црвен крст на Р. С. Македонија – Општинска организација Кочани освои пехар за 3-то место на 31. Државен натпревар на екипи по прва помош што денес се одржа во Гостивар. Младите демонстрираа знаење и вештини за укажување прва помош при симулирани сценарија на повреди. На натпреварувањето учествуваа 10 екипи од…
„ОСОГОВО“ СО ЦЕЛ ПЛЕН СЕ ВРАЌА ОД ГОЛЕМО КОЊАРИ
Она што го најавивме пред одигрувањето на натпреварите од 5-тот коло играчите на „Осогово“ во целост го реализираа. Имено на гостувањето во Големо Коњари против истоимениот второлигаш забележаа победа од 2:0 (1:0) и се искачија неколку места на табелата. „Жолто-сините“ беа подобар противник од домаќинот и со головите на Дамјан Стојковски во 32’ и Марио…
ВО КОЧАНИ СЕ ОДРЖА МЕЃУНАРОДЕН НАТПРЕВАР ВО ПРОТИВОПОЖАРНИ ИГРИ
По повод четиригодишнината од своето постоење, денес на Спортско Рекреативниот Центар „Бавчалук“ во Кочани Доброволното Противпожарно Друштво „Кочани“ организираше „Меѓународен натпревар во противпожарни игри. Освен домаќинот ПДП – Кочани на натпреварувањето се појавија и противпожарни друштва од Словенија, Србија, Бугарија, Хрватска како и неколку други од Македонија. По едноминутното молчење во знак на почит кон…