All Posts By Славчо Ивановски

„ДЕНОВИ НА КОЧАНСКИОТ ОРИЗ – 2024“- ФОЛКЛОРЕН КОНЦЕРТ

На фолклорниот концерт што се одржа на Летната сцена на Центарот за култура „Бели мугри“, во чест на оризот – кочанското бело злато, настапија пет фолклорни состави, гости на годинашнава манифестација „Денови на кочанскиот ориз“: КУД „Медвеѓа“ од Медвеѓа, Трстеник, Србија; ФА „Напрафоргок“ од Сигетсентмиклош, Унгарија; ФА „Бијела“ од Бијела, Херцег Нови, Црна Гора; Ансамблот…

„ДЕНОВИ НА КОЧАНСКИОТ ОРИЗ – 2024“ – ЗАЖНЕЈУВАЊЕ И ВРШИДБА НА ГУМНО

На нива во атарот на Оризари, во присуство на гости од земјава и странство, дипломатски и високи државни претставници, членови на домашни и гостински фолклорни друштва, беше прикажан обичајот зажнејување на ориз. Со срп, жетварски песни, благослови за добар род и здравје, во традиционалната жетва учествуваа членовите на Здружението на пензионери од Кочани, заедно со…

„ДЕНОВИ НА КОЧАНСКИОТ ОРИЗ – 2024“, ОТВОРЕНА ИЗЛОЖБА „СВ. ПАНТЕЛЕЈМОН“

Во склоп на активностите од 33. Издание на „Денови на кочанскиот ориз“ беше отворена ликовната колонија „Св. Пантелејмон“ 2024. Ликовните дела беа насликани месецов на Пониква од страна на младите сликари, а под менторство на академскиот сликар Александра Димитрова. Градоначалникот ги поздрави младите уметници, им честиташе за нивните прекрасни дела и им додели благодарници. Ликовната…

МАРИО СИМОСКИ ПО УДАР СО ГЛАВА ЗА ПРВА ЕСЕНСКА РАДОСТ ЗА „ОСОГОВО“

Се играше 85’ кога гостите беа во контра напад, но сакајќи да дојдат до погодок на импресивен начин погрешија и домаќините ја исфрлија топката на противничкото поле каде докде до еден гостински играч кој несмасно ја зафати и ја испрати во корнер. Паунов го изведе корнерот додавајќи ја топката до Стојов, следуваше школски центар шут…

„ДЕНОВИ НА КОЧАНСКИОТ ОРИЗ – 2024“, ПРАЗНИЧНО ДЕФИЛЕ

Во центарот на Кочани, на потегот од Градскиот плоштад до Паркот на Револуцијата се реализира Празнично дефиле на ансамбли, институции и здруженија од Кочани. Целта е пред граѓаните на Кочани да се претстават членовите и видовите активности што се реализираат во нашиот град. На дефилето учествуваат и фолклорните состави, гости на овогодишната манифестација „Денови на…

ШЕСТ БОРАЧИ ОД „СПАРТАК“ НА БАЛКАНСКОТО ПРВЕНСТВО

Шест борачи членови на БК „Спартак“ од Кочани обезбедија виза за учество на Балканското првенство во борење за пионери, кадети и младинци, момчиња и девојчиња кое од 03-06 ќе се одржи во Скопје. Борачите поминаа пеколни подготовки за ова првенство кое за многумина ќе значи поттик во градењето на кариерата. Борачите на „Спартак“ прво имаа…

„ДЕНОВИ НА КОЧАНСКИОТ ОРИЗ– 2024“, МАРИЈА СТАМЕНКОВА – ЖЕТВАРСКА УБАВИЦА

Марија Стаменкова е овогодишната жетварска убавица – таа ги освои гласовите на жирито на изборот што синоќа, пред многубројната публика, се одржа во Паркот на револуцијата во Кочани. Прва придружничка на жетварската убавица е Мартина Костадинова, а втора – Ивона Ефтимова. Девојките ќе учествуваат во претставувањето на обичајот зажнејување на ориз, на 29 септември, на нива во…

„ДЕНОВИ НА КОЧАНСКИОТ ОРИЗ – 2024“, ПРИЕМ НА ГОСТИНСКИТЕ ДЕЛЕГАЦИИ И АНСАМБЛИ

Синоќа, на Споменикот на слободата во Кочани, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов приреди прием за делегациите, гости на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“. Триесет и третото издание на манифестацијата ќе го следат делегации од општините Никшиќ, Република Црна Гора; Перник, Република Бугарија; Нови Кнежевац, Република Србија; Сигентсетмиклош, Република Унгарија и Грачаница од Босна и…

ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА, „ЗА „ОСОГОВО“ ПОБЕДАТА КАКО ИМПЕРАТИВ

Утре (Сабота) 14:00 часот, време за почеток на натпреварите од 6-тото коло во Втора Фудбалска Лига. „Осогово“ пред два дена загуби од „Детонит Плачковица’ и се најде на последното место на табелата со само два освоени бода, па утрешниот натпревар против „Борец“ од Велес е шанса да се дојде до првата есенска победа и колку…

ВРЕМЕНА ИЗМЕНА НА СООБРАЌАЈОТ ЗА МАНИФЕСТАЦИЈАТА „ДЕНОВИ НА КОЧАНСКИОТ ОРИЗ – 2024“!

За време на одржувањето на Празничното дефиле на ансамбли, институции и здруженија, во рамките на вториот ден од манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“, в сабота, 28 септември 2024 година, во периодот од 11 до 13 ч., за сообраќај ќе биде затворена улицата „Маршал Тито“ во Кочани, од Градскиот плоштад до Паркот на Револуцијата. Сообраќајот за…