All Posts By Славчо Ивановски

ООУ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ГО ОДБЕЛЕЖА ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК

По повод 24 мај – Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј, општински делегации, раководниот, наставниот кадар и првачиња од ООУ „Свети Кирил и Методиј“ положија свежо цвеќе на споменикот во училишниот двор. Одбележувањето на патрониот празник ќе продолжи со свеченост што ќе се одржи вечерва во холот на училиштето, на која ќе…

АКТИВНОСТИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА БЕЗБЕДНОСТА НА ДЕЦАТА ВО СООБРАЌАЈОТ

Во пресрет на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители, Свети Кирил и Методиј, претставници од Општина Кочани, Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, МВР и ученици од СОУ „Гошо Викентиев“ реализираа едукативна средба со третоодделенци од ОУ „Свети Кирил и Методиј“ во Кочани. Настанот има цел да придонесе во унапредувањето на безбедноста…

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ ЉУПЧО ПАПАЗОВ ГО ЧЕСТИТА 23 МАЈ – НАЦИОНАЛНИОТ ДЕН НА ВЛАСИТЕ

На сите припадници на влашката заедница им го честитам празникот со искрени желби за понатамошен успех во негувањето на влашката култура и традиција. Одбележувајќи го овој ден, оддаваме почит кон вековните стремежи за промоција на влашката заедница и потврдувањето на нејзините идентитетски, традиционални и културни вредности. Придонесот на Власите во унапредувањето на меѓусебните односи претставува…

НОВИ САДНИЦИ НА УЛИЦИТЕ „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“ И „СТЕВО ТЕОДОСИЕВСКИ“ ВО КОЧАНИ

На улицата „Борис Трајковски“, која е во фаза на рехабилитација, деновиве се сади млада високостеблеста вегетација. Според комуналниот инспектор, на тротоарот спроти Зелениот пазар, се засадени 17 стебла топчест јасен и црвена слива. На тротоарите на улицата „Стево Теодосиевски“ се обновени искршените стебла. Дополнувањето и обновувањето на јавните површини со нови садници ќе продолжи и…

И ОРГАНИЗАТОРИТЕ И ПУБЛИКАТА ЗАДОВОЛНИ ОД ХУМАНИТАРНИОТ КОНЦЕРТ НА ООМУ „РИСТО ЈУРУКОВ“

Синоќа во салата на „Мултикултурниот Центар“ во Кочани учениците и наставничкиот кадар на ООМУ „Ристо Јуруков“ успешно го реализираа најавениот хуманитарен концерт под мотото „Мај, месецот на младите и музиката“. Концертот е организиран во соработка со Ротари Клуб „Кочани-Виница“ а собраните средства ќе бидат наменети за опремување на просторија, односно музичко студио во самото училиште….

СО ИЗМАМА И ЗЕЛЕ 251.400 ДЕНАРИ

На 20.05.2024 во ОВР Кочани, 75 – годишна жена од Кочани пријавила дека била измамена од едно лице. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило на телефон и ја довело во заблуда дека нејзиниот внук предизвикал сообраќајна несреќа во Германија и згазил лице – мигрант, а доколку сака да му помогне, треба да даде 60.000 евра….

ОТВОРЕНА ИЗЛОЖБА НА СОВРЕМЕН МАКЕДОНСКИ ФИЛИГРАНСКИ НАКИТ

Денес во „Фоаје 1“ во НУЦК „Бели Мугри“ во Кочани беше отворена изложба на современ македонски филигрански накит од авторката Марија Милошевска од Скопје која по професија е етнолог.   Поставувањето на изложбата како Проект е дел од годинешната програма на НУЦК „Бели Мугри“ – Кочани и истата е целосно покриена од Министерството за култура…

ВО НУЦК „БЕЛИ МУГРИ“ ВО КОЧАНИ ВЕЧЕРВА БЕШЕ ОТВОРЕНО 61 ИЗДАНИЕ НА ДАФ

Со претставата „Вечера за глупаци“ во изведба на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ од Велес, вечерва во Кочани и официјално започна 61 издание на ДАФ (Драмски Аматерски Фестивал). Фестивалот го отвори и за неговото значење за културниот живот во Кочани и во Македонија свое обраќање имаше Градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов, а поздравно…

ООМУ „РИСТО ЈУРУКОВ“ – ХУМАНИТАРЕН КОНЦЕРТ

Ве покануваме на Хуманитарен Концерт  “Мај Месецот на Младите и Музиката” Вторник 21.05.2024г, 19:00 часот, МКЦ Кочани. Влез 200ден. Да помогнеме да се соберат средства за доопремување на Основното Музичко Училиште Ристо Јуруков од Кочани. Приклучете се на овој хуманитарен настан организиран од Ротари Клуб Кочани-Виница како дел од проектот Направи разлика, имплементиран од Фондацијата…

ООМУ „РИСТО ЈУРУКОВ“ – УПИСИ ЗА УЧЕБНАТА 2024/2025 ГОДИНА – ПРВАЧИЊА, ДОБРЕДОЈДОВТЕ ВО СВЕТОТ НА МУЗИКАТА

Од денес (20.05.2024 година) па се до 14.06.2024 година ќе траат уписите во ООМУ „Ристо Јуруков“ – Кочани за учебната 2024/2025 година. Прво одделение – деветгодишно образование Пијано и Виолина. Четврто одделение – шестгодишно образование, Хармоника, Флејта, Традициски инструменти и Гитара. Уписите се вршат во просториите на училиштето (во комплекс АСНОМ) секој работен ден од…