БК „СПАРТАК“ ГО ПРЕСТАВИ РАСУЛ ШАПИЕВ НОВИОТ ЧЛЕН НА КЛУБОТ

јануари 25, 2023
1 min read

Во присуство на членовите на Стручниот штаб и младите борачи на БК „Спартак“ од Кочани, денес во салата на клубот беше претставен новиот член на „Спартак“, Русинот Расул Шапиев кој веќе имаше дебитантски настап за кочанскиот клуб на Изборното првенство во слободен стил кое минатиот викенд се одржа во Скопје. Инаку Шапиев потекнува од најдобрата школа за борење во светот, односно од Махачkала (Дaгестан), школа од која имаат излезено многу познати спортски имиња во светот од боречките вештини.

Освен Шапиев во делегацијата борачи од Русија и Украина кои настапуваат во Македонските клубови беа и Вероника Реабуволова (Вардар), Ахмед Набук (Студеничани) и Могамедгаџи Нуров (Вардар), како и водачот на целата таа делегација Могамед Ибрагимов и секретарот на Боречката Федерација на Северна Македонија Драгана Савева..

Младите борачи на „Спартак“ имаа можност да слушнат како со работа и со постојани тренинзи може да се стигне до златни медали на големите натпреварувања.

Токму оваа средба треба да биде голем поттик за младите борачи на „БК „Спартак“ кои веќе имаат зад себе една успешна година и најави дека со уште повеќе работат ќе продолжат да чекорат по патот кој веќе почнаа да го одат.

Делегацијата пред да дојде во салата на БК „Спартак“ дознаваме дека имала прием и од Градоначалникот на Општина Kочани Љупчо Папазов.

С. Ивановски