Во мошне пријатна атмосфера вечерва БК „Спартак“ – Кочани го одржа своето Редовно Годишно Собрание.
Пред присутните делегати свое обраќање имаше Зоран Сребренов актуелен Претседател на БК „Спартак“ – Кочани
Откако беше избран записничар и оверувачи на записникот на дневен ред беше точката по која се дебатираше за предлогот од „Здружението на борачи – ветерани“ и претседателот Трајче Димков, Спортската сала во ОУ „Никола Карев“ во иднина да го носе името Насе Насев. Делегатите го подржаа овој предлог и истиот понатаму ќе биде доставен до релевантните институции во Општината.
Собранието исто ака донесе одлука за доделување награди на борачи и тренери. Како што беше истакнато ќе биде донесен правилник и номенклатура според која ќе бидат одредувани наградите на борачите за освоено прво, второ и трето место како и награди за тренерите.
Се донесе одлука со која беше одобрен трансферот на Стефан Штерјов од БК „Балканец“ – Штип во БК „Спартак“ – Кочани.
Претседателот Сребренов ги презентираше сите активности на кои клубот од Кочани активно учествуваше меѓу седниците на двете собранија а беше презентиран и планот за активностите што треба да се одржат во тековната година.
Ма крајот на седницата под точка „Разно“ делегатите излегоа со свои видувања и сугестии за понатамошното делување на клубот.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ