БК „СПАРТАК“ СО ПРЕТСТАВНИК НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ЗАГРЕБ

април 17, 2023
1 min read

По долги години Боречкиот Клуб „Спартак“ од Кочани ќе има свој претставник на Европско првенство во борење. Честа да го претставува „Спартак“ ја има натурализираниот Русин Расул Шапиев кој инаку потекнува од една од најдобрите школи за борење, школата од Махачкала (Дегестан).

Шапиев својот настап ќе го има утре (Вторник) а во категоријата до 74 килограми за противник го доби Таимураз Салказанов (Словачка) инаку најголемиот фаворит за освојување на златниот медал во оваа категорија.

На Европското првенство во борење кое се одржува во Загреб (Република Хрватска) и кое ќе трае од 17-23 Април, Македонската репрезентација ќе настапи со 10 борачи од кои 8 во машка и 2 во женска конкуренција.

Во машка конкуренција боите на нашата репрезентација ќе ги бранат: Бесир Алили (57), Владимир Егоров (61), Фати Вејсели (70), Расул Шапиев (74), Ахмад Магомедов (79), Дејан Митров (86), Реџеп Хајдари (92), Могамедгаџи Нуров (97), а во женска: Вероника Рјабоволова (50) и Марија Спирковска (53).

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ