БРОНЗЕН МЕДАЛ ЗА ДАРИЈАН ПАВЛЕВ НА БАЛКАНСКОТО ПРВЕНСТВО ВО КЛУЖ (РОМАНИЈА)

Во Спорт
октомври 8, 2025
1 минути

Упорноста и летните подготовки се исплатија, Даријан Павлев штотуку го освои бронзениот медал на Балканското првенство во борење што се одржува во Клуж (Романија). Павлев како член на репрезентацијата на Македонија настапи во У-15 во категоријата со 68 килограми.

Тој во борбата за третото место со туш го победи претставникот на Романија Абел Каско и повеќе од заслужено се искачи на пиедесталот.

До борбата за бронзата Даријан Павлев најпрвин во 1/8 финалето го совлада претставникот на Албанија  Доменико Дуниша, во 1/4 финалето загуби од репрезентативецот на Бугарија Петко Саракостов а во репасажот беше поуспешен од другиот репрезентативец на Романија Стефан Андреи Станила.

 

Со освојувањето на бронзениот медал Даријан Павлев заокружи една успешна година која со успеси беше најавена уште на самиот нејзин почеток.

Тренер на репрезентацијата на Македонија У-15 на ова првенство е Зоран Сребренов.

Секоја чест за Павлев и за освоениот медал.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ