ЧЕТИРИ БОРАЧИ НА „СПАРТАК“ СО ТРЕНЕРОТ СРЕБРЕНОВ НА ПОДГОТВКИ ВО БУГАРИЈА

февруари 22, 2024
1 min read

Даријан Павлев, Павел Темелков, Јован Илијев и Славица Митева заедно со тренерот Зоран Сребренов заминаа на четиридневен камп во Софија (Бугарија).

На кампот кој ќе трае од 20.02 до 23.02.2024 година заедно со борачите од Кочани  се и претставници од боречки клубови од Америка, Грција и домаќинот Бугарија.

Ова ќе биде убава можност борачите на „Спартак“ да бидат што подобро подготвени пред претстојните натпревари кои ги очекуваат на Државното првенство У-15  кое ќе биде филтер за учество на Европското првенство кое во месец Мај ќе се одржи во Грција, како и за Државното училишно првенство.

Организатор на кампот е некогашниот Светски првак во борење Радослав Великов член на Боречкиот клуб „Симеон Штерев-Левски“.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ