ОДБЕЛЕЖАН МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА МАЈЧИНИОТ ЈАЗИК

февруари 21, 2024
1 минути

По повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, денес во библиотека „Искра – Кочани„ се одржа работилница со наслов „Мајчиниот јазик – мост помеѓу мене и тебе“.

На работилницата која ја отвори директорот на ЈОУ Библиотека „Искра“, Кристина Атанасова Горгиева учествуваа ученици од основните училишта во Кочани кои рецитираа, пееја, твореа на македонски, влашки, турски и бошњачки јазик, односно на својот мајчин  јазик.

За време на работилницата учениците освен што меѓусебно се запознаа преку нивниот јазик, се запознаа и преку народната култура и творештво.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ