На 02.04.2026 во 00:20 часот на експресниот пат Кочани – Штип, во близина на с.Спанчево, општина Чешиново – Облешево, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода Р.К.(39), З.Н.(31), С.Р.(29) и 21-годишната Н.А., сите од Кочани. При преглед во возило „фолксваген голф“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувал Р.К., и при преглед кај лицата, кај Н.А. било пронајдено и одземено едно пакување со тврда материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Соопштение од СВР Штип
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
