ДЕПОНИЈАТА НИКАКО ДА ИЗГАСНЕ

јануари 6, 2022
1 минути

Кочани денес, 06.01.2022 година, 14:10 часот фотографирано од м.в. „Припор“, глетката ни малку за уживање и релаксација.

Главната депонија никако да престане да чади и да испушта непријатен мирис кој може да се осети дури и на спротивниот дел од самата депонија.

Преди два дена во групата „За здрав в живот во Кочани“ имаше објава дека Државен инспектор за животна средина од Одделението за инспекциски надзор во животната средина  – Североисточен и Источен регион, канцеларија Штип во присуство на Управителот на КЈП „Водовод“ – Кочани Иван Иванов, извршил вонреден инспекциски надзор при што било констатирано дека од страна на Управителот во Полиција Кочани било пријавено за сторен прекршок подметнување на пожар од страна на непознат сторител, дека на самото место бил затечен камион од Противпожарна заштита кој го гасел пожарот и дека биле присутни и одговорни лица од „Центар Комерц ДООЕЛ“ од Битола кои распрскувале темна морска алга која има за цел да го задуши и згасне тлеењето и горењето на отпадот.

Инспекторот му наложил сепак на КЈП „Водовод“ од Кочани во рок од 7 дена да го изгасне тлеењето на отпадот од депониското тело на постоечката депонија во Општина Кочани и дека ќе следи контролен инспекциски надзор после дадениот рок.

До дадениот рок има уште четири дена доволно време да се изгасне депонијата.

С. Ивановски