ТРАДИЦИОНАЛНО, ИСКОПАНАТА УЛИЦА ОСТАВЕНА БЕЗ ДА СЕ ВРАТИ ВО ПРВОБИТНАТА СОСТОЈБА

октомври 1, 2022
1 минути

Традицијата продолжува кога треба да се направи некоја поправка на која и да е улица.

Измината недела, во наработен ден машините на една копанија работеа, го сечеа асфалтот на крак од улицата „Димитар Влахов“  кој се спушта кон „Кулата Треска“ во Градскиот Трговски Центар.

Го извадија исечениот асфалт, ја извршија поправката и ископаната патека ја покрија само со песок. Денешниот дожд направи мали нерамнини па возачите кои сакаа да ги паркираат своите возила на паркингот мораа внимателно да возат за да не ги оштетат гумите.

Задутре е Понеделник работен ден. Компанијата треба да дојде и да го врати просторот во првобитната положба во спротивно ископаната патека ќе станува се подлабока и ќе преставува повеќе од проблем за учесниците во сообраќајот.

С. Ивановски