ЧЕТИРИ МЕДАЛИ ЗА БОРАЧИТЕ НА „СПАРТАК“ НА МЕЃУНАРОДЕН ТУРНИР ВО РАДОВИШ

Во Спорт
ноември 12, 2023
1 минути

Во организација на БК „Бучим“ денес во Радовиш се одржа 4-тиот Меѓународен турнир во борење „Трофеј шампиони – боречки легенди 2023“.

На турнирот учествуваа 110 борачи (генерациите од 2008 до 2016 година), од клубови од Грција, Косово и Македонија (Спартак, Балканец, Бучим, Бучим Шампион Конче, Борец, неготино и Шкупи).

На турнирот БК „Спартак“ учествуваше со четири борачи кои освоија четири медали од кои еден златен и три бронзени.

Даријан Павлев во категорија до 66 килограми го освои златниот медал, додека бронзените ги освоија: Јован Илиев, категорија до 43 килограми, Илија Иванов, категорија до 53 килограми и Павел Темелков, категорија до 66 килограми. Тренер на екипата е Иван јанев.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ