ЧЕТИРИ МЕДАЛИ ЗА КАРАТИСТИТЕ НА КАРАТЕ КЛУБ „КОЧАНИ“ НА МЕЃУНАРОДНИОТ КАРАТЕ ТУРНИР „ОЛИМПИК ОПЕН 2024“

Во Спорт
април 14, 2024
1 минути

Во организација на Карате Федерацијата на Македонија денес во Скопје се одржа Меѓународниот карате турнир „Олимпик Опен 2024“ кој е еден од најмасовните карате турнири што се одржуваат во нашата земја.

На турниротј учествуваа повеќе од 850 натпреварувачи од Македонија, Грција, Бугарија, Србија, Албанија, Словенија, Црна Гора.

Карате клуб „Кочани“ настапи со 7 натпреварувачи од кои некои настапија и во две категории и на крајот освоија еден златен, два сребрени и еден бронзен медал.

– Душанка Ристова го освои првото место во категорија 2012 до 35кг., а во категорија 2012 до 45кг. Заврши како петта,

– Илина Костадинова го освои второто место во категорија 2012 до 45кг., а во категорија 2013 до 40кг. Заврши како петта,  – Алексеј Ристов го освои второто место во категорија У-10 до 35кг., а во категорија У-10 до 30кг. го освои петтото место,

– Наталија Карова во категорија јуниори до 53кг. го освои третото место, а во категорија сениори до 55кг. Беше петта,

Останатите тројца натпреварувачи Адриан Илиевски, Катерина Стојановска и Лука Златков во натпревар за третото место ги згубија борбите со изгласување на судиите и на крајот се пласираа на го петото место.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ