ИРАЧИТЕ НА „СЛОГА 1934“ ОНА ШТО ГО ВЕТИЈА, ВО ЦЕЛОСТ ГО ИСПОЛНИЈА

Во Спорт
октомври 2, 2023
1 минути

Се одиграа натпреварите од 3-тото коло во Трета Фудбалска Лига – Исток.  По еден триумф за домашните и гостинските екипи а на два натпревара немаше победник.

Иако играчите на „Слога 1934“ соочени со многу проблеми и цела седмица без тренинзи, она што го ветија пред натпреварот во целост го реализираа, одиграа натпревар за своја душа, за навивачите за градот и ја совладаа екипата на „Ударник“ од Пирава со 4:1.

„Рударите“ од Пробиштип до победа стигнаа на гостинскиот терен во Струмица, додека натпреварите во Берово и Дојран завршија без победник.

Резултати од 3-тото коло:

„Тиверија“ – „Рудар“  0:2

„Малеш“ – „Овче Поле“  3:3

„Дојранско Езеро“ – „Вардарски“  1:1

„Слога 1934“ – „Ударник“  4:1

Слободна во ова коло беше екипата на „Карбинци“.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ