Драма вечерва се одвивала околу спасувањето на четири лица кои со своето возило влегле и заглавиле во нанос од снег.
Вечерва околу 17:17 часот дежурната екипа на ДПСС (Доброволна планинска спасителска служба) „Осогово“ – Кочани добило известува од дежурниот број 112 во Штип дека после локалитетот „Лопен“ кај Руменина бука“ биле заглавени четири лица со своето возило „Гранд Чероки“.
Едно возило и двајца членови на службата се упатиле на местото на настанот а им се придружи исто така и едно возило со двајца од МВР како и едно возило со двајца пожарникари од ТППЕ – Кочани.
Голем проблем им правел замрзнатиот пат но сепак стигнале и околу 18:45 часот успеале да ги извлечат луѓето.
Бидејќи едно од лицата се здобило со скршеница на еден од прстите истото било пренесено на Брза помош во Општа болница со проширена дејност – Кочани.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ