ЧИТАТЕЛИТЕ ПИШУВААТ: ПОЛИТИКАТА И СЕЛОТО ГО УНИШТИЈА ГРАДОТ

мај 31, 2023
0 min read

Во текот на денешниот ден добивме еден допис од наш читател во кој пишува:

„Вашата објава од 25 мај „Граѓаните прашуваат: Кои се новите гости“ ме натера на едно подолго размислување токму на таа тема. Добро е што некој ги сликал тие луѓе како спијат на отворено но прашање е како никој неколку дена од надлежните ги нема забележано. Ми велат некои пријатели дека детското игралиште го користеле како тоалет што воопшто не е во ред доколку е така, па таму играат нашите деца, нашите внуци. Но кога подлабоко ќе размислам ваквите гости не ни се од пред некој ден туку тие со години без некој да им одобри го окупираат градот. Се сеќавате ли кога пред повеќе од две децении почнаа да се градат домови дивоградби без никаква документација на периферијата од градот а особено тоа беше изразено најповеќе во населбите Шатровик и Усова чешма. На диво се изградија многу куќи а потоа си ги легализираа за по 1 евро од квадрат што не е никако во ред. Е сега тие што градеа на диво си бараат и струја и вода и асфалтирани патишта и канализација а не кажуваат од чии пари тоа треба да се изгради, ако платиле според законите сега се ќе имале, вака некој друг ќе треба да плаќа за нив. Се сеќавате ли на инвазијата на ромите не само во Касарната тука и по ридовите и доловите. Направија куќи на места предвидени за пат, направија куќи над простор под кој оди канализацијата и водоводните цевки, правеа ама никој ништо не им можеше. Сега тие од Касарната тражат да им се изградат домови ако сакат да се иселат од таму. Е така наши политичари не ја бива работата. Секој од каде незаконски дошол во градот и на диво некаде се населил или изградил нешто треба да се врати од каде дошол. Ајде нека некој каже кога зачестија кражбите, тепачките, менувањето на традициите во градот, па започнаа откако овие три децении некој на диво слегуваше од селата доваѓаше од други општини и се населуваше во градот. И утре немојте да се чудите доколку се јават нови барања за легализација или Касарната уште повеќе да се полни со непознати лица. Политичарите, оние кои ова го одброија да најдат начин како знаат градот да го вратат во нормала оти се повеќе ќе ни се случуваат нарушувања на редот и мирот а и кражбите ќе продолжат. Па нели гледате дека селото и политиката ни го уништија Кочан, нели гледате некултурата во што го претвори некогаш најчистиот град во државата. Знам дека гледате ама се правите дека сте слепи, па да тие ќе ви служат за наредните избори. Засрамете се се што им направивте на граѓаните на Кочани. Срам да ви е.“

Жител на Кочани

Фотографијата е од архивата на комарец

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ