Како една од актуелните теми помеѓу жителите е исправноста на водата за пиење. Денес добивме допис од наш читател ко ви го пренесуваме во целост.
„Почитувани, Ве известувам дека договорот за анализа на вода кој го има потпишано КЈП Водовод Кочани со ЈЗУ Центар за јавно здравје Скопје е истечен на 31.01.2025 година. Овој договор кој е склучен по пат на јавна набавка објавена на електронскиот систем за јавна набавка е со траење од 1 година, а бидејќи е склучен на 30.01.2024 година по истекот на овој период истиот договор престанал да важи.
Со оваа јавна набавка, а преку договорот кој се склучува е предвидена анализа на водата која би содржела анализа на микробиолошките параметри потпишани од лекар – специјалист по микробиологија и анализа и стручно мислење од лекар – специјалист по хигиена и здравствена екологија. Освен ова, анализата е задолжително да содржи и податоци за резудиален хлор во водата.
Согласно договорот ваквите анализи е потребно да бидат распоредени по 20 мостри месечно од различни локации и тоа:
1.Вода од извориштето
2.Вода по преработка
3.Вода од резервоарите за вода за пиење
4.Вода од водоводната мрежа
5.Вода на местото на потрошувачката.
Бидејќи во моментот нема активен договор, ниту пак е распишана јавна набавка за ваков вид на услуга од страна на КЈП Водовод Кочани на електронскиот систем за јавни набавки, се поставува прашањето НА КОЈ НАЧИН СЕГА СЕ ВРШАТ АНАЛИЗИТЕ НА ВОДА?
Дали воопшто се вршат анализи на водата и дали граѓаните може да ја користат водата во секојдневна употреба па и за пиење без анализа за квалитетот на водата? Исто така останува нејасно кога ќе биде објавен ваков оглас за јавна набавка и како во иднина ќе се анализара водата за пиење во Кочани?
Се надевам дека ви дадов доволно поттик за една интересна и значајна тема која сметам дека ќе побуди интерес и кај граѓаните на Кочани за одговорноста која ја имаат локалните власти во врска со здравјето на луѓето во Кочани. Поздрав“
Идентитетот на читателот познат на редакцијата
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ