Coding Bootcamp — Кочани 2022

јули 3, 2022
1 минути

На наше големо задоволство го најавуваме Coding Bootcamp — Кочани 2022. Веником Софтвер како општествено одговорна компанија, започнувајки од 15.07.2022 ќе го организира првиот бесплатен Bootcamp наменет за учениците од средните училишта од Кочани, кои своето образование сакаат да го продолжат во ИТ индустријата.

“Наша цел е да го пренесеме нашето долгогодишно знаење и искуство на средношколците низ неколкудневни тренинзи и предавања со познати и реномирани професионалци и практичари од повеќе области. Сакаме искрено да им помогнеме и пред се да ги мотивираме овие ученици да се обидат да станат идни програмери и основачи на ИТ компании кои ќе врабоитуваат млади луѓе од нашата општина и регион.

Bootcamp-от ќе биде составен од 3 дневен тренинг во кој средношколците ќе се запознаат со професионалци од ИТ, маркетинг и ПР индустријата, кои преку практични примери ќе им го доловат процесот на креирање на софтверски решенија и промоција на продукти”, ни кажа Иван Ивановски.

Дополнително, планирани се и панел дискусии, предводени од видни експерти од областите на развивање на софтвер, маркетинг и претприемништво кои директно ќе се вклучат во тренинг сесиите.

Веником Софтвер верува во вложување во заедницата, особено во младите кои имаат огромен потенцијал но немаат можности од ваков тип на локално ниво. Како општествено одговорна компанија наша зацртана цел и заложба ќе биде овој камп да стане традиционален и помасовен. Сите компании и волонтери кои се заинтересирани да се вклучат во организацијата и реализацијата на кампот можат слободно да не’ контактираат.

Пријавувањето и учеството на овогодинешниот Bootcamp е бесплатно. Организаторот не е одговорен за трошоци за храна и превоз за учесниците.

Доколку сте средношколец и сакате да се пријавите пополнете ја формата најдоцна до 09.07.2022. Местата се ограничени.

За повеќе информации контактирајте не на bootcamp@venikom.com

Локација: Мулти културен центар — Кочани
Датуми: 15,16,17 Јули 2022

Во прилог ви доставуваме листа на експерти кои ќе бидат говорници за време на овој Bootcamp: