КОНЦЕРТ НА УЧЕНИЦИТЕ ОД ООМУ „РИСТО ЈУРУКОВ“, ПРОГЛАСЕНИ ПРВЕНЦИТЕ НА ГЕНЕРАЦИЈАТА

јуни 7, 2022
0 минути

По повод роденденот на патронот на ООМУ „Ристо Јуруков“, синоќа во Кочани учениците од ова училиште кои во сега изминатата учебна година добија домашни и странски награди, одржаа незаборавен концерт.

Како што налага традицијата на крајот на учебната година беа прогласени и Првенците на генерацијата.

Луна Милосова е прогласена за Првенец на генерацијата во деветгодишното образование, додека за Првенец на генерацијата од шестгодишното образование е прогласена Јована Захариева.

Првично организаторот на концертот најави дека истиот ќе се одржи под отворено небо, односно во „Паркот на револуцијата“, но променливото време кое на моменти беше проследено со дожд беше причина да се смени локацијата па концертот се одржа на една од покриените тераси во НУ ЦК „Бели мугри“ – Кочани.

С. Ивановски