ЦРВЕН КРСТ – КОЧАНИ – СОБРАНИ 38 КРВНИ ЕДИНИЦИ ВО СЕПТЕМВРИСКАТА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА

септември 28, 2023
1 минути

Во организација на Црвен крст на Р. С. Македонија – Општинска организација Кочани, а во соработка со Институтот за трансфузиона медицина Скопје, денеска во просториите на Црвениот крст се одржа редовна септемвриска крводарителска акција наменета за граѓанството.


На акцијата крв даруваа 38 крводарител од кои 15 лица до 30 годишна возраст и двајца првократни крводарители. Акцијата е 14–та по ред што годинава ја спроведува Црвен крст Кочани.


Граѓаните може да даруваат крв секој понеделник и четврток во Службата за трансфузиона медицина – Кочани или секој последен четврток во месецот во просториите на ОО на Црвен крст-Кочани.
Црвен Крст – Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ