Општинската организација на Црвен крст Кочани денеска ја реализираше последната крводарителска акција за 2024 година на која се собраа 44 единица крв.
Акцијата е 19-та што се спроведува во календарската година со која се заокружи и предвидениот годишен план за реализација на крводарителски акции.
„Годинава што изминува реализирамве 19 успешни крводарителски акции. Дванаесет од нив беа редовни дарувања во просториите на Општинскиот Црвен крст. Три во соработка со Одделението за внатрешни работи – Кочани, две крводарителски акции во Општина Зрновци и по една во компанијата „Руен Инокс Автомобиле“ и младинска крводарителска акција. Ја користиме приликата да се заблагодариме на сите крводарители кои годинава даруваа крв и со своето доброволно и несебично дарување спасија нечии животи и ги задоволуваа крвните потреби и резерви на заедницата, соопштија од Црвен крст – Кочани.
Од Општинскиот Црвен крст информираа дека годинава се собрани над 1000 крвни единици. Во следната 2025 година согласно новиот план за реализација на крводарителски акции предвидени се 20 акции за дарување крв“.
Денешната последна крводарителска акција во 2024 година се реализираше во просториите на Црвен крст Кочани со поддршка на екипа од Институтот за трансфузиона медицина – Скопје и доктор од Службата за трансфузиона медицина од Кочани.
Црвен Крст – Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ