ДАРИЈАН ПАВЛЕВ НАЈДОБРИОТ БОРАЧ НА „СПАРТАК“ УСПЕШНО ЗАКРЕПНУВА ПО ОПЕРАЦИЈАТА

Во Спорт
декември 24, 2025
0 минути

Даријан Павлев МОМЕНТНО најдобриот борач на БК „Спартка“ од Кочани после успешно извршениот хируршки зафат полека но сигурно застанува на здрави нозе.

За потсетување само, пред близу две седмици, во саботата додека во Кочани се одржуваше меморијалниот меѓународен турнир во борење „Легендите на Спартак“ моментно нивниот најдобар борач Даријан Павлев легна на операциониот стол бидејќи болките во десното колено беа големи.

Го посетивме денес во станот на неговите родители за да видиме до каде е со рехабилитацијата.

„Најпрвин би сакал да ви се заблагодарам за оваа ненадејна посета. Полека но сигурно се оправувам по операцијата. Имено годинава имав згуснат распоред на настапи и морав постојано да тренирам и да ја одржувам формата. Особено се спремав за Балканското првенство кое се одржа во Клуж во Романија каде приоритет ми беше освојување на медал. Стигнав до бронзениот медал но по се изгледа тогаш и ја платив цената на успехот, Почнаа да ми се јавуваат болки во десното колено кои од ден на ден беа се поголеми. Решив со помош на моите родители да заминам и да направам магнетна резонанса по која беше утврдено дека имам скинат медијален менискус на коленото. Решението беше операција“ ни ја раскажа во кратки црти шампионот низ што се поминал изминатите месеци.

„Операцијата беше пред десетина дена а истата беше во клиниката Жан Митрев во Скопје каде ме оперираше специјалист хирург по ортопедија Зоран Несторовски. Веќе во неделата, значи еден ден по операцијата уште еднаш ме прегледа и ме пушти на домашно лекување. Најпрвин лежев и се придржував на препораките на докторот, потоа почнав помалку да се движам со помагала а еве од вчера самостојно без никакви помагала се движам низ станот“ со мала насмевка на лицето ни ја кажа најновата вест.

Веќе утре (Четврток) Даријан ќе замине за Скопје каде во клиниката „Жан Митрев“ ќе му бидат извадени конците.

И додека разговаравме иако тој не ни кажа ни збор за она што го мачи сепак осетивме дека не му е сеедно што дома уште никој од клубот го нема посетено како и од страна на Федерацијата.

Даријан тренираше за да донесе успеси и на матичниот клуб „Спартак“ и на Репрезентацијата на Македонија, со титулата Државен шампион и со освоениот бронзен медал на Балканското првенство во Клуж (Романија) Даријан им се оддолжи на сите кои во него се колнеа, но за жал по операцијата никој уште го нема посетено барем да му каже еден збор за охрабрување.

Сите спортот го сакаме, но колку ги цениме спортистите е тешко да се каже.

На Даријан од се срце му посакуваме што побрзо закрепнување и освен посетата на часовите брзо враќање и онаму каде за многумина во градот и државата донесе радосни моменти, враќање на душекот.

Даријан е борец, Даријан тоа го може.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ