ДРАГАН ПАУНОВ ГО РЕШИ КОМШИСКОТО ДЕРБИ

Во Спорт
октомври 4, 2025
1 минути

Со дисциплинирана и сигурна игра денес во Виница играчите на „Осогово“ сосема заслужено ги освоија трите бода со што ја продлабочија кризата на виничани.

Натпреварот беше решен во 65’ кога Драган Паунов кој штотуку влезе во игра по првиот допир со топката на одличното додавање на Жоглев со удар по земја го погоди долниот десен агол на домашниот голман Антонио Столевски.

Во Македонска Каменица иако домаќините имаа сигурно водство од 3:1 дозволија на „штоферите“ од Тетово во финишот од натпреварот да постигнат два погодока и да освојат само бод.

Во Охрид лидерот на табелата Брегалница освои само бод додека екипата на Големо Коњари дојде до првата победа во второлигашкото друштво.  Во Радовиш и Скопје сигурни победи на домаќините исто како и на Новаци на гостувањето кај Преспа.

Резултати од 7-то коло:

Слога 1934 – Осогово  0:1

Детонит Плачковица – Победа  3:1

Скопје – Вардар (Н)  4:1

Големо Коњари – Кожуф  1:0

Каменица Саса – Тетекс  3:3

Охрид – Брегалница  0:0

Преспа – Новаци  0:3

Беласица – Шкендија (А) (натпреварот се игра во Недела)

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ