Денес (Сабота) на „Затворените терени“ во дворот на училиштето „Св. Кирил и Методиј“ ќе се одржи првото издание на Меморијалниот Фудбалски турнир „Сашко Романов“ во знак на сеќавање на еден од најголемите љубители на фудбалот во Кочани, успешен стопанственик и преди се голем човек, кој за жал прерано не напушти.
На турнирот ќе учествуваат пет екипи „Сашко 1“ , „Сашко 2“, „Сашко 3“, „Сашко 4“ и „Сашко 5“ кои ќе одиграат мешусебни натпревари во траење од по 15 минути.
Турнирот започнува во 16:30 часот.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ