СИТЕ УЧЕСНИЦИ СЕ ПОБЕДНИЦИ НА ПРВИОТ МЕМОРИЈАЛЕН ФУДБАЛСКИ ТУРНИР „САШКО РОМАНОВ“

Во Спорт
јуни 8, 2024
0 минути

Фудбалерите од петте екипи „Сашко 1“, „Сашко 2“, „Сашко 3“, „Сашко 4“ и „Сашко 5“ се победници на првиот Меморијален Фудбалски Турнир „Сашко Романов“ кој денес по топло време се одржа на „Заградените терени“  во дворот на ООУ „Кирил и Методиј“.

Натпреварот започна со едноминутно молчење во знак на почит кон големиот љубител на спортот и успешен млад стопанственик Сашко Романов кој за жал прерано ги напушти најблиските, пријателите и овој свет.

Додека Сашко е присутен помеѓу народот тој постои, за него ќе се зборува а со овој турнир кој според најавите ќе стане традиционален сите ќе се потсетуваме на неговиот секогаш насмеан лик.

Вечна ти слава Саше.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ