ДЕПОНИЈА ПОЗАДИ ЗГРАДИТЕ ВО ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТ

март 9, 2022
0 минути

Централното Градско Подрачје почнува да заличува како што треба. Се поставија подземни контејнери, се обновува фасадата на зградата на некогашниот Комитет и сето тоа полека но сигурно дава една посебна убавина на овој простор и надеж дека можеби ќе не биде.

Но за жал, едно е лицето а друга е позадината.

Доволно е човек да отиде позади зградата на некогашниот Комитет како и другите згради и да го посети просторот каде се паркираат возила. И има што да се виде. Расфрлан смет кој каде ќе му дојдело до рака, хаварисани паркирани возила можеби на кои и сопствениците не се знаат, кој како стигнал така го паркирал возилото, со еден збор хаотично.

Ако сакаме барем овој п4ростор да заличи на нешто убаво ( а некогаш се предвидуваше да се изгради детски парк) треба час поскоро надлежните во општината да изнајдат начин да ги отстранат хаварисаните возила, да го исчистат просторот и да се воспостави еден ред кој сите го посакуваат, но и сите допринесуваат да биде вака како што е.

Да го исчистиме овој дел на централното градско подрачје и да создадеме место каде станарите на околните згради навистина пријатно ќе се чувствуваат кога ќе си ги паркираат возила.

Ајде, време е за акција.

С. Ивановски