ДЕПОНИЈАТА ГОРИ, НО НИКОМУ НЕ МУ Е ГРИЖА ЗА ТОА

јули 29, 2023
1 min read

Депонијата продолжува да гори, но никој како тоа да не го засега од надлежните. И по овие високи температури кога воздухот е сув и тежок за дишење чадот и миризбата што одат во воздухот од депонијата која нон-стоп гори  на луѓето уште повеќе им го отежнуваат дишењето.

Сведоци сме дека пред пет години со третирање на алги депонијата повеќе од три години ниту гореше, ниту чадеше, но за жал тоа беше пред пет години. Сега таа не само да чади туку и постојано гори .

Надлежните од „Водовод“ под чии ингеренции е депонијата честопати знаат да кажат дека пожарот некој го подметнува, па ако е така зошто не го фатат пироманот и да го предадат на надлежните служби.

И додека сите се прават дека ниту гледаат при здрав вид ниту го слушаат апелот од населението при добар слух, депонијата ќе си гори, депонијата ќе чади а сето тоа населението на Кочани ќе го вдишува.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ