ПРИЗНАНИЕТО ЗА ОСОБЕНИ ДОСТИГНУВАЊА ВО БИБЛИОТЕКАРСТВОТО ЗА МАГДАЛЕНА КОЧОВСКА САЛТИРОВА

јуни 6, 2023
0 минути

Во текот на денешниот ден во Струмица во склоп на манифестацијата „Средба под јаворите“ се одржа советување под мотото ,,Споделување на добри практики во библиотечната дејност”.

На советувањето  свое обраќање имаа професионални излагачи, кои зборуваа на многу интересни и корисни теми, се со цел, што повеќе да се унапреди библиотечната дејност.

На манифестацијата беа доделени и признанија за библиотекар на годината ,,Павлина Цунева Маказлиева” и тоа во неколку категории.

Признанието за особени достигнувања во библиотекарството и информациската дејност во Одделението за зајмување, услуги и информации за деца во јавните библиотеки, го доби Виш библиотекар Магдалена Кочовска Салтирова, вработена во ЈОУ Библиотека „Искра“ од Кочани.

Благодарница за особени достигнувања од областа на библиотекарството и информациската дејност во унапредувањето на условите и начините за работа во училишните библиотеки по пат на креативни промотивни активности  и беше доделено на Љупка Стојменова вработена во ООУ „Никола Карев“ – Кочани

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ