ДИРЕКТОРОТ НА ООУ „НИКОЛА КАРЕВ“ – КОЧАНИ ДОНИРАШЕ ХУМАНИТАРНИ ПАКЕТИ ЗА ПЕТ СЕМЕЈСТВА ОД СЕЛО ТРКАЊЕ

април 16, 2023
1 min read

Како што објави порталот с. Тркање, денес директорот на ООУ „Никола Карев“ од Кочани Александар Андов по повод Велигденските празници донираше пет хуманитарни пакети за пет семејства од село Тркање.

Во соработка со Претседателката на Месна заедница на село Тркање Латинка Постолова пакетите беа доделени на семејства на кои и те како им беа потребни.

Пакетите на семејствата лично им ги врачи Александар Андов.

Потег за почит.

 

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ