ПРВО МЕСТО ЗА ДПД – КОЧАНИ НА МЕЃУНАРОДНИОТ ПРОТИВПОЖАРЕН НАТПРЕВАР „ВИП 2024“

јуни 8, 2024
1 минути

Во конкуренција на 21 екипа од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија, една од двете пријавени екипи на ДПД – Кочани го освои првото место со 50 секунди подобро време од второпласираната екипа.

Тоа е епилогот од денешниот Меѓународен противпожарен натпревар „ВИП  2024“ кој се одржа во Петроварадин кај Нови Сад (Република Србија).

Несомнено, ова е голем успех за членовите на ДПД –  Кочани бидејќи ова е историја, односно ова е прв трофеј со највисок сјај од едно меѓународно натпреварување.

За поздравување е и  резултат постигна од втората екипа на ДПД – Кочани копја на крајот го зазеде шестото место.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ