ДО КАДЕ ОДИ ЧОВЕЧКАТА СОВЕСТ, ДОКОЛКУ СЕ ИМА!

декември 1, 2022
0 min read

Фотографијата ја добивме пред малку. Направена е на „Градската депонија“ ама од некој со селски навики. Угинатото животно не се знае од што дошло до оваа фаза. Дали од некоја болест или некој му има нешто направено.

Како и да е, крајно неодговорно од оној што го фрлил на депонијата а не размислил до какви се последици може да дојде доколку животното е болно од некоја болест која е пренослива.

Еве шанса за надлежните служби да појдат и да го отстранат за да не дојде до некои несакани последици.

С. Ивановски