И додека политичарите мудруваат и создаваат тензична атмосфера помеѓу народите од Република Македонија и Република Бугарија денес во Општинскиот Информативен Центар на Пониква беше потпишан меморандум за соработка токму од Планинските спасителни служби „Осогово“ од Кочани (Р. Македонија) и од Ќустендил (Р. Бугарија).
Со потпишувањето на овој Меморандум и двете спасителни служби се обврзаа за опремување и обезбедување на теренот на Осоговските Планини како и за заеднички обуки на нивните членови. На средбата исто така стана збор за прекугранична соработка и преку дијалог се изнајадат законски решенија за планинско-спасителните служби.
Меморандумот го потпишаа Гоце Исајов – претседател на ДППС „Осогово“ од Кочани и Антонии Божков – началник на спасителната служба од Ќустендил (Р. Бугарија).
Благодарност до Гоце Исајов за фотографиите
С. Ивановски