ДОДЕКА ГИ ИМАМЕ НАШИОТ СОГРАЃАНИН ВИКТОР ТЕМЕЛКОВ И НЕГОВОТО СИНЧЕ ДУШАН ИМА НАДЕЖ ЗА ЕДНО ПОУБАВО И ПОЧИСТО КОЧАНИ

мај 4, 2026
1 минути

Она што го прават за време на секој викенд или на секое излегување во природа нашиот сограѓанин Виктор Темелков и неговото синче Душан дава надеж дека сепак постои голема совест кај некои луѓе за заштита на човековата околина.

Имено, штом дознавме за нив двајцата ги контактиравме и добивме една поубава слика за нив. Секое излегување во природа тие го користат да го соберат расфрланиот смет. Најчеста локација им е просторот над Брана „Гратче“ посебно кај Водопадот. Тие таму најпрвин го собираат оставениот смет на мали купчиња, потоа го стават во црни најлон ќесиња  и така собран сметот го носат до нивното возило каде го сместуваат во багажникот за да кога ќе стигнат во градот го оставаат во контејнерите.

Малку е чудно, но вистинито да уште постојат такви чесни луѓе, посебно млади кои навистина се грижат да имаме чиста животна средина.

Виктор и Душан се наши сограѓани со кои мораме да се гордееме, но и да тргнеме по нивните патеки, па секогаш кога ќе завршиме со излетот да го собереме најпрвин она што ние како смет сме го направиле, а потоа ако наидеме на смет оставен од други да не ни биде тешко и тоа да го собереме.

Виктор и Душан, Ви благодариме за вашата идеја и за вашиот начин за зачувување на човековата околина.

Колку би биле среќни доколку по башите стапки тргнат и други наши сограѓани.

Инаку Душан е ученик во IV одделение во ОУ „Малина Попиванова“ во Кочани.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ