ДВЕ МЕДАЛИ ЗА КК „ПАРТИЗАН“ НА „СОЛИДАРНОСТ ОПЕН 2022“

мај 16, 2022
1 min read

Тројцата членови на Карате Клуб „Партизан“ се вратија со две медали од Традиционалниот Меѓународен Карате турнир „Солидарност Опен 2022“ кој по 20-ти пат го организираше карате Федерацијата на Република Северна Македонија со техничка организација ма карате Клуб „Солидарност“.

Во една мошне силна конкуренција со настап на повеќе од 600 каратисти од Србија, Бугарија, Косово и Македонија, каратистите на „Партизан“ освоија две бронзени медали. ФилипСтојанов до 63 кгр. (кадети) и Филип Јакимов до 52 кгр. (помлади кадети).

„Задоволен сум од настапот на нашите натпреварувачи. Филип Стојанов кој е потенцијален член на нашата карате репрезентација на стартот победи во сите четири борби но во полуфиналето загуби со 0:1 на поени од подоцна победникот во неговата категорија. Задоволен сум и од настапот на Филип Јакимов со само една победа успеа да дојде до бронзата а третиот наш претставник Ѓорѓи Естатиевски кој настапи до 57килограми кај помлади кадети беше во многу силна конкуренција и загуби уште во првото коло од подоцна победникот во категоријата. Одиме понатака, нема застанување“ беше изјавата на Јорданчо Петров еден од тренерите на КК „Партизан“.

С. Ивановски