Во пресрет на првенството во Втора Фудбалска Лига кое е закажано за Сабота (17.08.2024 година) на ГФК „Осогово“ му пристапија двајца нови играчи.
Се работи за Бојан Јаневски кој доаѓа од екипата на ФК „Вардар“ АД – Скопје и Никола Илиевски од ФК „Рудар 1947“ од Пробиштип.
Како што наложуваат пропозициите за овој ранг на натпревари ГФК „Осогово“ склучи и два професионални договора,
Со играчите Стојче Стојов и Ѓорѓи Јованоски склучени се договори за вработување на фудбалер за професионално занимање со фудбал во времетраење од 10 (десет) месеци, односно до Летниот преоден рок 2025 година.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ