ИО „ЛАСТОВИЦА“ ГО ОТВОРИ ПУНКТОТ ЗА СОБИРАЊЕ ХУМАНИТАРНА ПОМОШ

февруари 14, 2023
1 минути

Февруари е познат како месец на извидништвото во целиот свет, затоа и кај нас извидниците во февруари прават добри дела.

Од вчера (понеделник) па до петок членовите на ИО „Ластовица“ од Кочани спроведуваат хуманитарна акција за настраданите во земјотресот во Турција и во Сирија.

Собирниот пункт е лоциран во „Градски парк“ наспроти кафе бар „Пролет“.

Првиот ден од акцијата помина во давање информации на граѓаните во врска со видот на донациите, а беа донирани и неколку ќебиња. Се очекува во наредните денови граѓаните на Кочани да ја покажат на дело својата хуманост.

Кочанските извидници искажуваат благодарност до менаџментот на кафе бар „Пролет“ за отстапениот простор и поддршката на хуманитарната акција.

ИО „Ластовица“ – Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ