Во организација на БК „Балканец“ – Штип во неделата во градот под Исарот се одржа Меѓународниот турнир во борење во слободен стил „Трофеј Штипски боречки асови“.На турнирот зедоа учество шест борачи од БК „Спартак“ кои освоија две сребрени медали.
Даријан Павлев во категоријата до 68 килограми и Јован Илијев во категоријата до 52 килограми ги освоија сребрените медали додека останатите претставници од „Спартак“, Мартин Цветков, Едис Билалов, Беркај Билалов и Стојанче Андонов останаа без пласман на пиедесталот.
Тренер на БК „ Спартак“ беше Зоран Сребренов а судискиот двоец од Кочани го предводеа Гоце Ангелов и Игор Христов.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ