Во организација на Боречката Федерација на Северна Македонија и техничка организација на БК „Бучим“ денес во Радовиш се одржа Државното првенство – слободен стил и борење за жени У-23.
Екипата на БК „Спартак“ учествуваше со тројца борачи кои освоија две трети места и едно петто место
Дамјан Крстов во категорија до 57 килограми и Леон Трајанов во категорија до 92 килограми ги освоија бронзените медали, додека Петар Иванов во категорија до 79 килограми беше петти.
И двете медали се убаво навестување дека за борачитена „Спартак“ оваа година ќе биде плодна.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ