ЕДЕН ПОГОДОК ГО РЕШИ ПОБЕДНИКОТ НА ПРВИОТ КОНТРОЛЕН НАТПРЕВАР ВО КОЧАНИ

Во Спорт
јануари 29, 2022
0 минути

ГФК „Осогово“ од Кочани го одигра првиот контролен натпревар во новата година. Играчите на Шефот на Стручниот штаб Андов кои пред десетина ги започнаа подготовките загубија како домаќини од „Каменица Саса“ со 0:1 (0:1). Стрелец на единствениот погодок за „рударите беше“ Антонио Мирков кој пред неколку дена дојде како позајмен играч од скопски „Вардар“.

Инаку и двете екипи не прикажаа кој знае каков фудбал бидејќи ова се подготовки и играчите уште немаат влезено во ритамот на натпревари. Ако првото полувреме им припадна на гостите, тогаш ГФК „Осогово“ беше подобар во вторите 45 минути.

Ова се сепак дел од подготовките во кои нозете уште се тешки и ваквите натпревари само би им користеле на тренерите од екипите да ја пополека темпираат формата за почеток на првенството.

С. Ивановски