ГФК „ОСОГОВО“ ПОБЕДНИК НА 17-ТОТО ИЗДАНИЕ НА „ДРАГАНИЦА КУП“

Во Спорт
март 5, 2023
1 минути

По дождливо време и лош терен за игра на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани се одржа 17-тото издание на Меморијалниот Фудбалски Турнир „Драганица Куп“, посвете на Кочанската фудбалска легенда Драган Михајлов – Драганица.

Годинава освен домаќинот „Осогово“ учеството на турнирот го потврдија и екипите на „Слога 1934“ (Виница) и „Каменица Саса“ (Македонска Каменица), генерација на играчи 2006/2007 година.

Се играше според „Италијанскиот систем“ секој против секого во траење од 45 минути.

Резултати:

„Осогово“ – „Каменица Саса“ 2:1

„Каменица Саса“ – „Слога 1934“  0:0

„Осогово“ – „Слога 1934“  1:0

По завршувањето на натпреварите, претседателот на ОФС Кочани Александар Андов ги врачи признанијата за најдобрите.

Екипата на „Осогово“ го освои првото место, „Каменица Саса“ беше втора, додека „Слога 1934“ заврши на третото место.

Признанието „Најдобар голман“ отиде во рацете на Методи Димитровски (Каменица Саса), „Најдобар стрелец“ Дејвид Иванов (Осогово) со 3 постигнати погодоци, а за „Најдобар играч“ беше прогласен Дарко Петров“ (Осогово).

Организаторот ГФК „Осогово“ посебно признание му додели на Судискиот актив при ОФС Кочани.

С.  Ивановски