„ЕДНАКВИ ЗА СИТЕ“ ГО РЕАЛИЗИРАШЕ ПРОЕКТОТ „ПОДОБРО ОПШТЕСТВО ЗА СЛЕПИТЕ ЛИЦА ВО КОЧАНИ“

март 13, 2024
1 min read

Во рамките на проектот: „Подобро општество за слепите лица во Кочани“ спроведуван во рамките на „Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD)“, која е финансирана од Европската унија (ЕУ) а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), кофинансиран од Општина Кочани, Здружение Еднакви за сите Кочани престојниот викенд имаше активности.

Здружение Еднакви за сите Кочани во саботата во просториите на ОУ„Малина Попиванова“ Кочани одржа културен настан, литературно читање и дружење со слепите и слабовиди лица. Локалната писателка Ружа Стојмилова зборуваше за поезијата и прозата дел од културата и начин на изразување, барање начини и откривање на моќта и способностите кои слепите и слабовиди лица ги имаат, но не знаат како да ги манифестираат.

Како доказ за осознаената способност за уметност, Славица Димитрова, член на Здружение на слепи Кочани ги презентираше своите рачни творби изработен накит од бисери, техника која ја научила во рамките на проект од УНДП.

Свои лични творби рецитираше и Тоше Илијев, член на Здружение на слепи Кочани и со задоволство зборуваше за пишувањето како начин на искажување на своите чуства, можност да се искаже и да ги пренесе своите моментални состојби.

На средбата се читаше поезија и проза, а афоризмите на писателката Ружа сите учесници со задоволство ги слушаа и слатко се смееја. На настанот се слушаше звучна поезија и проза, а за истиот се утврди дека е прекрасен, исполнител и мотивирачки.

На крај се зборуваше и се предлагаа следни тематски настани и средби за дружење на слепи лица во Кочани.

Здружение Еднакви за сите Кочани во неделата во просториите на ОУ„Малина Попиванова“ Кочани одржа едукативни работилници за слепите и слабовиди лица со рехабилитатор (логопед, едукатор), социјален работник и правник (адвокат), Рехабилитаторот, едукатор ги предочи законските аспекти на организирање и граѓанско здружување на општинско ниво, партиципативното донесување на одлуки и граѓанското учество. Како пример го истакна Здружение на слепи Кочани, кое постои од 1980 година, во кое членуваат повеке од 120 членови со оштетување на видот поголем од 80%.

Здружението е регионално со опфат на 8 општини и тоа Кочани, Зрновци, Облешево – Чешиново, Виница, Берово, Пехчево, Делчево и Каменица.

Се предочија поволности од членување во здружение на слепи, бесплатни патарини, одреден број бесплатни патувања со автобус и воз, разноразни активности, средби,натпревари, прошетки и сл.

Се дискутираше за зголемување на мрежата на активни слепи и слабовиди лица во здружението на слепи, како и за јакнење на довербата и социјалниот статус на слепи лица и слабовиди лица во Кочани. Организирањето и одржување вакви и слични настани се дел од предлозите за подобрување на социјалниот статус на слепи лица и слабовиди лица во Кочани

Со социјалниот работник се презентираа права, услуги и мерки од социјална заштита, надоместоци заради попреченост и помош од друго лице, услуги во домот, помош и нега во домот, лична асистенција. Присутните слепи и слабовиди лица имаа можност

директно да зборуваат и прашуваат за сите услуги и мерки, да ги кажат своите искуства за истите, да потврдат за позитивните работи и да укажат на потреби кои во моментот не се достапни на локално ниво. На крај се предочи потребата за поголема отвореност и

поддршка од центарот за социјални работи во инклузија на слепите лица во локалната заедница.

Со правникот се утврди правната законска регулатива за слепите и слабовиди лица и се пристапи кон директно правно зајакнување и пристап до правда со дискусии за конкретни правни проблеми, нивна анализи, објаснувања на начини и можности за решавање.

Со присутните лица се дискутираа можности и начини за бесплатна правна помош и се дадоа насоки за поддршка и правна помош за слепите и слабовиди лица од законска регулатива. На крај се дадоа неколку конкретни предлози за правна помош на слепи лица во Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ