ДЕЛЕГАЦИИ ПОЛОЖИЈА СВЕЖО ЦВЕЌЕ ПО ПОВОД 11 ОКТОМВРИ – ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКОТО ВОСТАНИЕ

октомври 11, 2024
1 минути

По повод 83-годишнината од почетокот на македонското  востание, градоначалникот Љупчо Папазов со делегации од Советот на Општина Кочани, претставници на Сојузот на здружението на борците од НОВ, Здружението на почитувачи на Јосип Броз Тито и на општински партиски ограноци, положија свежо цвеќе и оддадоа почит на жртвите за слободна Македонија на Споменикот на слободата и на спомениците во Паркот на Револуцијата.

Градоначалникот Папазов упати празнична честитка во која го истакнува значењето на 11 Октомври за самобитноста и самостојноста на македонскиот народ и придонесот на Македонија во победата над фашизмот во Втората светска војна.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ