ПРОЕКТОТ „ЗЕЛЕН ЕРАЗМУС+“ ОДРЖАН ВО САНДАНСКИ (БУГАРИЈА)

мај 22, 2022
1 минути

Професор Драги Рашков во перидот 18-20 мај беше дел од трансграничен семинар ,,Зелен Еразмус+” кој се оддржа во Сандански Р. Бугарија.

Настанот беше организиран од Националните агенции за европски образовни програми и мобилност на Р.С. Македонија и Р. Бугарија како дел од меморандумот за соработка помеѓу двете Национални агенции.

На настанот приссутвуваа организации и образовни институции кои се корисници на програмата Еразмус+ и работат на полето на зелена агенда.

Вмрежувањето и споделувањето на добри практики и искуства со проекти е навистина важно за заедничко делување во борбата за заштита на животната средина и практикување на зелена агенда. Семинарот го отворија директорите на двете национални агенции Марко Горѓиевски и Михаил Балабанов, и на истиот присустуваа над 50-тина учесници кои се дел од овој проект.