Со изведувањето на почетниот удар од страна на секретарот на Општина Кочани Дејан Рашков, вчера (Петок) на „Заградените терени“ во дворот на СОУ „Љупчо Сантов“ и официјално започнаа натпреварите од јубилејното 50 издание на „Петровденскиот турнир 2022“.
Се одиграа два натпревари на кои беа постигнати вкупно 14 погодоци, по седум на секој што навестува еден интересен и ефикасен турнир.
Во првиот натпревар „Џинџер“ славеше над екипата на „Пјаца“ 6:1, а во вториот „АНТ Градски“ беа поуспешни од „Еволушн“ 5:2.
Натпреварите продолжуваат денес кога на програмата се три натпревари:
19:00 часот „Виктори“ – „ПЗУ Панов“ (Б група)
20:00 часот „Ауто Велт“ – „Масив Дизајн“ (Б група)
21:00 часот „Детелинка“ – „АНТ Грдовци“ (Г група)
С. Ивановски