Екипата на „Ауто Велт“ е победник на 24-тото издание на Петровденскиот фудбалски турнир. Во финалето по подобро изведување на пенали тие ја совладаа екипата на „Благица Китчен“ откако во регуларниот дел натпреварот заврши 1:1.

Малото финале исто така беше решено по ударите од белата точка Во регуларниот дел натпреварот „Аминта“ – „Европа ’92“ заврши 3:3 а „печатарите“ беа поуспешни и посмирени во пенал серијата па екипата на „Европа ’92“ заврши како третопласирана.

Првопласираната екипа од организаторот на турнирот доби ваучер во вредност од 60.000 денари, второпласиранта 30.000 денари а третопласираната екипа 15.000 денари.

Во поединечна конкуренција за „Најдобар млад играч“е прогласен Марко Ефтимов (Европа ’92),, „Најдобар голман“ е Јовица Ефтимов (Ауто Велт) „Најдобар стрелец“ Бојан Иванов (Европа ’92) а признанието за „Најдобар играч“ му беше врачено на Ангел Белчовски (Ауто Велт).

Организаторот на првите четири екипи им врачи пехари и признаници.



С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
